Неопходна е координација помеѓу институциите во државава за да се креираат профили кои ги бараат македонската економија и пазарот на трудот. Ситуацијата е алармантна. Според Светска банка од 2019-та година, една четвртина или 500.000 граѓани се отселиле од државата, а според пописот, за 20 години имаме помалку 126.000 млади.
Дополнително да се промовираат бенефитите од дуалното образование Оперативниот план за вработување на Министерството за труд и социјална политика да се приспособи на реалноста и консултација со локалните центри за вработување, со условите во фирмите, потенцирање на практикантството, па и соодветна легислатива.
Прекупотребна е служба за кариерно советување во средните училишта, а Центрите за млади се неопходни.