10.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Соработката со Турција оценета како исклучително успешна

Најчитани вести

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Турција во земјата, Хасан Мехмет Секизќок.

Во таа пригода беше изразено заемното задоволство од одличните билатерални односи и исклучително успешната соработка меѓу двете земји во духот на нивното традиционално пријателство и партнерство. Оценето беше дека меѓусебната соработка се реализира во повеќе области од заемен интерес, при што посебни резултати се остваруваат во економската и трговската размена, туризмот, образованието, културата и одбраната.

Посакувајќи му успешна дипломатска мисија на амбасадорот Секизќок во Република Северна Македонија, министерот Димитров изрази подготвеност за активна и отворена соработка во насока на реализација на заедничките цели и натамошно збогатување на врските и пријателството меѓу двете земји.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com