Home » Сопственикот на Тотенхем во големи проблеми: Ги збогатил љубовниците и пријателите со инсајдерски информации

Сопственикот на Тотенхем во големи проблеми: Ги збогатил љубовниците и пријателите со инсајдерски информации

by Lina Muslija

Додека Тотенхем е во центарот на вниманието на англиските медиуми поради нејасната иднина на првата ѕвезда Хари Кејн, од Соединетите Американски Држави стигнаа информации за сериозни обвинувања на сметка на сопственикот Џо Луис.

Британскиот милијардер може да заврши и во затвор, откако обвинител од Њујорк тврди дека споделувал инсајдерски информации со кои им овозможил на многу луѓе да се збогатат на берзата.

Луис имал пристап до доверливи информации на големи компании и ги споделувал истите со своите љубовници, вработени и пријатели, при што истите профитирале на берзата, тврди обвинителството.

– Ова се противзаконски потези и класично мамење, па Луис ќе одговара пред правниот систем во Њујорк, – изјавил обвинителот Демиан Вилијамс.

Тотенхем утринава излезе со соопштение во кое одбива да го коментира случајот, бидејќи тој не е поврзан со фудбалскиот клуб.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk