9.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Сопругот на Хајди Клум и купи парче Берлински ѕид кое чини13 илјади евра

Најчитани вести

Хајди Kлум добила парче од Берлинскиот ѕид, симбол на некогашната “железна завеса“ која речиси полни три децении го раздвојувала градот на источна и западна страна на Берлин. Славната манекенката пред неколку недели се омажи со својот  17 години помлад дечко ,  музичарот Том Каулиц (29).

Парот речиси еден месец беше на меден  на луксузната јахта . По  враќањето во својот дом музичарот продолжил да ја изненадува својата сопруга со тоа што ѝ подари парче од некогашниот симбол на Берлин.

„Денес добив посебен подарок од мојот сопруг. Парче од Берлинскиот ѕид кој го разделуваше источниот и западен Берлин околу 28 години. Мојот сопруг роден е позади ѕидот, во источниот дел од Берлин само четири недели пред да го срушат во 1989-та година. Тоа му овозможило да порасне во слободна Германија за разлика од земјата во која што живееле неговите родители. Бил во состојба да доживее слобода, радост, креативност, уметност и надеж“.

Цената на парче од Берлинскиот ѕид во зависност од графитот кој се користел може да чини од 11 до 13 илјади евра. Текстот Сопругот на Хајди Клум и купи парче Берлински ѕид кое чини13 илјади евра е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com