Home » Сопругата на Џон Леџенд призна дека една година не пиела алкохол, но понекогаш и недостатсува

Сопругата на Џон Леџенд призна дека една година не пиела алкохол, но понекогаш и недостатсува

by Журнал.мк

Поминала точно една година откако манекенката Криси Тајгер последне пат се напила алкохол. Вака таа во нејзината објава на Инстаграм искрено се отвори за нејзните следбеници и кажа дека понекогаш и недостасува зашеметено и безгрижно чувство, но исто така рече и дека на крајот алкохолот престанал да и го дава забавно чувство.

„Пиев за да се справам со анксиозноста што ја чувствував, но тоа на крајот исчезна кога престанав да пијам“, напиша таа.

Открива дека некои моменти од животот не ги памети јасно бидејќи била под дејство на алкохол.

„Сакав да можам да се сетам на која било церемонија на доделување награди“, напиша Криси.

Призна дека забележала дека нејзиниот поглед изгледа отсутен, односно изгубен, на одредени фотографии кои одбележале некои од важните моменти во нејзиниот живот.

Таа не е сигурна дали некогаш повторно ќе се напие, но знае дека не сака повеќе да се чувствува така и да не се сеќава на важните работи што ѝ се случиле. Проблемите што ги има ќе се обиде да ги реши преку терапија, а ќе се откаже од алкохолот.

Криси е во брак со популарниот пејач Џон Леџенд, со кого има две деца, ќерка и син, Луна и Мајлс.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk