14.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Сопругата на Зукорлиќ по тврдењата дека бил отруен: Бараме обдукција

Најчитани вести

Елма Елфиќ Зукорлиќ, сопруга на починатиот српски политичар и верски лидер Муамер Зукорлиќ, се огласи по прес-конференцијата на неговиот син од првиот брак, Усама Зукорлиќ, кој тврди дека има докази оти неговиот татко, кој почина во ноември, е отруен.

Синот денеска тврдеше дека две светски лаборатории утврдиле со голема веројатност дека починатиот муфтија е отруен со тешки метали во храна.

Неколку часа по пресот на Усама Зукорлиќ, неговата маќеа соопшти дека семејството е вознемирено од шокантните тврдења, за кои претходно немало никакви наводи или информации.

„Моите деца и јас сме силно потресени и вознемирени од наводите кои денеска беа искажани, исто така и од тоа што немаме никакви информации каде е правена анализата на примерокот, во која земја и во која лабораторија. Сѐ што знаеме, дознавме од медиумите“, напиша Елма Е. Зукорлиќ вообјава на социјалните мрежи.

https://www.instagram.com/p/CcLMaWQsCvx/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading

Таа додаде дека семејството ќе бара да се изврши обдукција на телото на Муамер Зукорлиќ, кој почина во ноември, кога како причина за смртта официјално беше заведен срцев удар.

„Децата и јас бараме што побрзо да ги добиеме севкупни информации за искажаните наводи, на кои имаме апсолутно право. Бараме ексхумација и обдукција, но и она што не се слушна на прес-конференцијата, ако се покаже дека наводите се точни, да се покрене истражна постапка и виновникот да се најде и да се изведе пред лицето на правдата“, пишува во објавата на една од сопругите на Зукорлиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com