0.8 C
Skopje
Sunday, January 23, 2022

Сопартијци и лекари преку социјалните мрежи му даваат поддршка на Филипче: Зад вас стои цела армија на белите ангели (ФОТО)

Најчитани вести

Сопартијците на министерот за здравство Венко Филипче кој вчера си поднесе оставка поради пожарот во модуларната болница во Тетово на социјалните мрежи му даваат поддршка.

– Мојот другар Венко е честит човек, врвен професионалец со чист образ и големо срце. Убеден сум дека истрагата во која се вклучуваат и странски експерти, ќе покаже дека не постои никаква негова лична одговорност за трагедијата во модуларната болница во Тетово и загубените човечки животи, ќе напиша поранешниот министер, а сега кандидат за градоначалник на Прилеп, Горан Сугарески.

Организацискиот секретар на партијата, Мартин Попов за Филипче ќе каже дека е личност која со своето знаење и способности не престана да го гради и изградува здравството на ниво како никогаш претходно.

-Борец со предизвици од светски размери. Колега кој ги постави здравствените работници онаму каде што требале да бидат отсекогаш. Партиски другар, кој на нашата СДСМ и даде дополнителна вредност, напиша Попов на Фејсбук.

Пофални зборови доаѓаат и од пратеничката и координаторка на Форумот на жени на СДСМ.

– Стручњак и професионалец од светски размери, но истовремено човек со високи морални и етички квалитети. Респект, вели таа.

Партиските функционери кои истовремено се и дел од извршната власт барем засега се воздржуваат од коментари.

Во меѓувреме, на Фејсбук се појави група „И јас сум Венко Филипче-поддршка“, каде граѓани, но главно лекари му даваат поддршка на министерот. Се оди дотаму што се бара поддршка да му се даде и пред Министерството за здравство.

-Бидејќи гледаме дека власта е глува и не сака да го послуша народот би сакал да ве повикам сите заедно сплотено да излеземе на улиците пред Министерството за здравство и да му ја подадеме нашата поддршка на нашиот министер кој цели две години пожртвувано дење-ноќе помагаше на нашиот народ, вели извесен Марјан Стевковски.

Во продолжение дел од постовите со поддршка за министерот Филипче.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com