15.8 C
Skopje
Monday, October 25, 2021

Сообраќајот по влажни коловози, на граничните премини нема подолги задржувања

Најчитани вести

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com