30.8 C
Skopje
Wednesday, July 28, 2021

Сообраќајка меѓу два камиони и велосипед

Најчитани вести

Струмица, 20 септември- Велосипедист од Струмица е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата Климент Охридски во Струмица.

Несреќата се случила помеѓу товарно возило „фолксваген Л80“ управувано од Р.С. (33) од Штип, товарно возило „волво ФЛ 280’’ управувано од М.А. (23) од Струмица, кој се обучувал од автошкола за управување со возилото и велосипед управуван од Н.К. (37) од Струмица.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести