Две лица се здобиле со тешки повредиво сообраќајната несреќа која вчера во 20.15 часот се случила на крстосницата на магистралниот пат Охрид – Ресен со локалниот пат за селото Куратица, информираат од МВР.
„Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „сеат леон“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(23) од Битола и патничко возило „рено клио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(22) од Охрид. Вo незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Г.К. и малолетно девојче, сопатник во возилото „рено клио“, информираат од охридската полиција.
Тие биле пренесени во општата болница, а подоцна и во болницата „Св.Еразмо“, каде им била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.