Играчот за врска на англискиот фудбалски премиерлигаш Тотенхем, Сон Хеунг Мин, го пофали соиграчот Герет Бејл по натпреварот против Волфсбург од Лигаа Европа (4:1).
-Бејл и јас имаме навистина блиски односи. Мило ми е што доби време за игра и беше во можност да постигне гол и да асистира денес. Навистина уживам да играм со него, изјави Сон.
Доброто издание на Бејл доаѓа по тежок период во Тотенхем и речиси изгубена доверба кај тренерот Жозе Мурињо кој ретко му дава минутажа во Премиер лигата