35.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Сон: Среќа што останавме живи во Северна Кореја

Најчитани вести

Северна Кореја и Јужна Кореја се сретнаа во квалификациски меч (0-0), беше забрането присуство на публика, немаше ниту ТВ пренос и новинари, но јасно беше дека случувањата на теренот не можат вечно да останат тајна. На фудбалерите на Јужна Кореја им беа одземени телефоните при влегувањето на теренот, но по враќањето во Сеул најдобриот играч на оваа селекција, Хеунг Мин Сон од Тотенхем, се пожали дека гостите јаделе и ќотек на стадионот.

„Најважно е што останавме живи, што никој не е повреден. Никогаш не сум се снаоѓал во вакви ситуации, на стадионот немаше никој, а домаќините не удираа и плукаа. Дури и добив неколку удари во лицето. Воопшто не се играше фудбал, домашните играчи овој меч го гледаа како војна“ – изјави Сон.

Португалецот Пинто, кој е селектор на Јужна Кореја, не беше задоволен од ремито сметајќи дека неговата селекција требало да стигне до цел плен.

„Навистина имаше многу тензии, но проблемот беше што ние не се држевме до договорот. Не постигнавме гол на време, па потоа домаќините со помош на судиите крадеа време. Во второто полувреме воопшто и не се играше“ – откри селекторот на Јужна Кореја.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести