Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, попладне претежно во северните делови ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. УВ индексот ќе изнесува 8. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 30 степени.