Home » Сончево и многу топло со температури до 39 степени

Сончево и многу топло со температури до 39 степени

by Журнал.мк

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура во интервал од 14 до 20 степени, а максималната од 33 до 39 степени со УВ-индекс 9, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 38 степени.

УХМР најавува дека до утре ќе се задржи стабилно и многу топло време. Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More