8.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Сончево и многу топло со температура до 41 степен

Најчитани вести

Денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 а максималната од 34 до 41 степен. УВ=9

Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе биде 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Според УХМР и во наредните денови ќе продолжи периодот на многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината.

Ќе биде активно портокаловото ниво на опасност од високи температури.

Наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надминува 40-тиот степен.

Во понеделник ќе дува засилен претежно северен ветер кој ќе предизвика благо опаѓање на температурите повеќе во северните делови од земјата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести