Сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови особено во западните делови ќе има појава на пороен дожд и грмежи проследени со засилен ветер.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајна нестабилност.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 14 до 24°C, а максимумот од 32 до 39°C.