12.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Сончево време со температура до 20 степени

Најчитани вести

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Од петок и во деновите од викендот ќе има промена на времето кога ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, локално и над 20 л/м2, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Поради продор на постудена воздушна маса во недела на планините и на некои повисоки места се очекуваат врнежи од снег и позначително опаѓање на дневните температури.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести