Home » СОНК – Членството е револтирано оти нема напредок за усогласување на платите во образованието

СОНК – Членството е револтирано оти нема напредок за усогласување на платите во образованието

by Журнал.мк

Без резултати се преговорите со Владата за усогласување на платите на вработените во градинките и во образованието со зголемената минимална плата во државава и со колективните договори, соопшти Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК). В сабота ќе заседава Советот на СОНК и ќе бидат донесени заклучоци за идни чекори врз основа на пораките и очекувањата на членството на СОНК, кое е револтирано, рече претседателот на Синдикатот, Јаким Неделков.

Тој денеска на прес-конференција информираше дека имале средби со ресорните министри за образование и за труд и преговорите ги продолжиле во Владата, но нема конкретен одговор на побарувањето на СОНК, ниту понуда на процент на усогласување односно зголемување на платите во дејностите образование и детска заштита.

Според закон, со зголемување на минималната плата треба да се зголемат и останатите плати за работни места со различен коефициент на сложеност. Минималната плата, почнувајќи од мартовската треба да изнесува 18 илјади денари.

СОНК не ја знае точната сума што е потребна за усогласување на платите во образованието, но, рече, таа е „нешто повеќе од потрошените средства за набавка на автомобили минатата година“.

На прашање зошто СОНК не е на иста линија со Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Неделков одговори дека ССМ не бил заинтересиран за усогласување.

Од ССМ реагираа на пресот на Неделков, велејќи дека тој 10 години е на чело на СОНК, а нема ништо направено за вработените во образованието. Од ССМ велат дека тие со нивните активности обезбедиле највисока измена на минималната плата досега во вредност од 18.000 денари.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More