15.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

СОНК очекува денеска покана за преговори со Владата, вели Неделков

Најчитани вести

Оекуваме денеска нова средба во Владата за каква сме целосно подготвени и преку конструктивни преговори да дојдеме до решение на прашањето за покачување на платите и штрајкот во образованието да биде прекинат, а наставата продолжена, изјави за МКД.мк претседателот на СОНК Јаким Неделков. Тој вели дека до СОНК пристигнуваат пријави за отворени притисоци од страна на директорите врз наставниците за да отпочнат со настава. За секој поединечен случај прибираме докази и доколку пријавите бидат потврдени соодветно ќе реагираме, вели Неделков.

Во редакцијата на МКД.мк се јавија наставници од неколку скопски училишта кои се пожалија дека директорите им се заканиле со одземање на дневниците за деновите на штрајкот доколку не го прекинат штрајкот, дури и изјавиле дека лично министерот за образование Јетон Шаќири им се јавувал со барање да ја организираат наставата „како знаат и умеат“.

На ова наше прашање синдикалниот лидер Неделков вели дека и до СОНК имало јавувања од наставници кои се пожалиле на директорите, но вели дека не му се верува оти министерот лично им се јавувал на директорите, со тоа ризикувајќи го угледот на функцијата. Поверојатно е дека имало јавувања до директорите од лица од Министерството за образование или пак од други структури, оценува Нелков.

„Работа на СОНК е штрајкот да го реализира онака како што е зацртан и по сите правила, а министерството нека си ја тера својата работа. Но не се во ред заплашувања на наставниците. Тие реагираат затоа што некаде им се закануваат со одземање на дневниците за време на штрајкот или пак со работење во летни месеци. Како и да е, наши претставници ги посетуваат училиштата, имаме редовна комуникација со нашите претставници во училиштата, собираме докази“, нагласува Неделков.

Тој порачува дека СОНК многу сериозно го организира штрајкот и дека цврсто документираните докази за притисоци, заплашувања, кршења на уставното право на штрајк, ќе бидат доставени и до Меѓународната организација на трудот и до Европската конфедерација на синдикати во образованието.

Неделков појаснува дека е во ред што деновиве ученици се повикувани да дојдат на настава по оние предмети од наставници кои не потпишале согласност за приклучување на штрајкот.

„Се разбира, никогаш не сме рекле дека наставата во целост треба да биде прекината. Во ред е ако има можности за прифаќање на децата тие да одат на училиште и да ги посетат оние часови што ги држат наставници кои не штрајкуваат. Затоа и постојат простории каде се наоѓаат наставниците кои се во штрајк. Јавноста треба да знае дека настаавниците не седат дома, туку работното време го поминуваат во училиштата“, нагласува претседателот на СОНК Јаким Неделков.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com