13.8 C
Skopje
Sunday, June 13, 2021

Солшер се закани со напуштање на теренот во случај на расистички навреди во Белград

Најчитани вести

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер откри дека имал состанок со играчите на кој бил разгледан протоколот на УЕФА и порача дека се подготвени за најлошо можно сценарио и напуштање на теренот во случај на расистички навреди во Белград.

Минатата недела, Англија беше мета на расистички навреди на гостувањето во Бугарија во меч од квалификациите за Европското првенство. Натпреварот во Софија два пати беше прекинуван поради однесувањето на навивачите.

Манчестер јунајтед денеска гостува во Белград, па оваа тема повторно е актуелна на „островотo“. Партизан два меча играше без публика поради расистички навреди, а и репрезентацијата на Србија доби казна да игра без публика поради сличен испад на мечот со Португалија.

„Ѓаволите“ стравуваат дека и тие можат да бидат мета на расистички навреди, па затоа Оле Гунар Солшер и неговите избраници имале состанок и раговарале за ова. Манчестер јунајтед ќе го почитува протоколот на УЕФА, но Норвежанецот призна дека тие се подготвени за најлошо можно сценарио и напуштање на теренот.

„По случувањата во Бугарија, имавме состанок со момците. Го разгледавме протоколот на УЕФА, но верувам дека навивачите на Партизан ќе се однесуваат коректно и атмосферата ќа биде фантастична. Веруваме во УЕФА, но се надевам дека ќе имаме вечер во која ќе се слави фудбалот“ – вели Солшер.

„Хари Мегваер и Маркус Рашфорд беа во Бугарија, па тие од прва рака знаат што се случуваше и пренесоа дел од непријатното искуство, што може да се очекува и кое е најлошото можно сценарио, односно да го напуштиме теренот“.

Протоколот на УЕФА од три чекори налага најпрво натпреварот да биде прекинат и преку разгласот на стадионот да се побара фановите да престанат со расистичките навреди. Следниот чекор е натпреварот да биде привремено суспендиран и играчите да се повлечат во соблекувална, а третиот чекор е мечот да се напушти и фудбалерите да си заминат од теренот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести