-2.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

Солшер најави ангажман на нов напаѓач во јануари: Не треба да сте ракетен научник за да знаете што ни треба

Најчитани вести

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер најави дека ангажман на нов напаѓач во јануари е еден од приоритетите на „ѓаволите” во зимскиот преоден рок.

„Ѓаволите“ изминатово лето се разделија со Ромелу Лукаку и Алексис Санчез без притоа да донесат нов напаѓач, и веќе на стартот од сезоната се покажа како погрешна одлука.

Антони Марсијал се повреди на неколку недели, а сега надвор од стројот е и Маркус Рашфорд, па Оле Гунар Солшер нема многу опции за форот. За денешниот натпревар против Арсенал, се очекуга тинејџерот Мејсон Гринвуд да го предводи нападот. Па затоа Норвежанецот сака да донесе нов голгетер веќе во јануари.

„Им дозволивме на Лукаку и Алексис да заминат, па не треба да сте ракетен научин за да видите дека следното засилување кое ќе го донесеме ќе бидеме напаѓач. Бараме играч кој ќе донесе креативност и голови“ – порача Оле Гунар Солшер.

Манчестер јунајтед подолго време се поврзува со аганжам на супар талентираниот Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, но тешко за верување е дека „милионерите“ ќе се разделат со играчот во јануари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com