-2 C
Skopje
Wednesday, January 20, 2021

Солскјер: Јунајтед е најголем клуб, верувам дека најдобрите играчи сакаат да дојдат кај нас

Најчитани вести

Иако Манчестер Јунајтед во последните години не бележи ни приближно добри резултати на какви се навикнати навивачите на овој клуб, тренерот Оле Гунар Солскјер верува дека најдобрите европски фудбалери се уште имаат амбиции да дојдат на „Олд Трафорд“.

Јунајтед ниту оваа сезона не игра во Лигата на шампионите, а прашање е дали ќе играат и следната, но без оглед на тоа Солскјер верува дека може да доведе добри засилувања.

Некои агенти во последно време почнаа да ги убедуваат своите играчи да не одат на „Олд Трафорд“, но Солскјер не е загрижен поради тоа.

„Го рековте тоа за агентите, но верувам дека играчите се уште сакаат да бидат тука. Не разговарам многу со агентите. Манчестер Јунајтед е најголем и најдобар клуб на светот и сигурен сум дека многу играчи сакаат да ни се приклучат. Сакаме да играме фудбал во кој нашите навивачите ќе уживаат“.

Инаку, Манчестер Јунајтед вечерва ќе го игра мечот од Лигата на Европа против АЗ Алкмар, а „Црвените ѓаволи“ тој меч го дочекуваат во добро расположение со оглед на тоа дека во последните седум дена славеа победи против Тотенхем и Манчестер Сити.

Јунајтед веќе обезбеди пласман во 1/16-финалето од Лигата на Европа и денешниот меч ќе има важност единствено за тоа кој ќе заврши како првопласиран во групата Л.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести