1 C
Skopje
Tuesday, January 26, 2021

Солскјер со експресна реакција: Оле го назначил првиот пеналџија пред сите играчи во соблекувалната!

Најчитани вести

Оле Гунар Солскјер мораше да дава објаснување за пенал процедурата во неговиот тим по ремито со Вулверхемптон на „Молину“ стадионот, сето тоа откако Пол Погба не успеа да го реализира пеналот кој требаше да му донесе победа на Манчестер Јунајтед на незгодното гостување.

Нереализираниот пенал на Погба предизвика бура од реакции во јавноста поради дискусијата која ја водеше Французинот со Маркус Рашфорд, играчот кој беше прв изведувач на „ѓаволите“ на првиот меч во сезоната против Челси. Фактот што сега бевме сведоци на промена разлути голем дел од легендите на Јунајтед, а како што јавуваат ова утро угледните англиски медиуми, експресна реакција имал и Солскјер.

Откако не успеаја Погба и Рашфорд да дефинираат кој ќе го изведува пеналот пред натпреварот, Солскјер имал свој говор веднаш по натпреварот, со кој пред сите играчи во соблекувалната го нагласил Маркус како перманентен изведувач на најстрогите казни во блиска иднина. Оваа ексклузива прв ја пренесе познатиот таблоид „Сан“, но истата ја потврдија и останатите респектабилни медиуми од Островот кои во изминативе 24 часа на големо ги пренесуваа сите новости околу пенал драмата на која беа сведоци фудбалските фанови.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести