14.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Солскјер и Шо избегнаа казна за критиките на судиите по натпреварот против Челзи

Најчитани вести

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер и одбранбениот фудбалер Лук Шо, се спасија од дисциплинска постапка од страна на федерацијата, затоа што го критикуваа Стјуарт Атвел, главен судија на натпреварот од 26. коло во Премиер лигата против Челзи (0:0), пренесува „The Athletic“.

Во првото полувреме, Атвел да досуди удар од белата точка за Манчестер, откако топката го удри во рака на играчот од средниот ред на Челзи, Калум Хадсон-Одои.

Шо во интервјуто по мечот изјави дека Атвел не даде пенал за да избегне непотребни разговори. Солскјер рече дека „тренерите вршат притисок врз судиите со поплаки за пенали“.

ФА одлучи дека коментарите од претставниците на Манчестер јунајтед не кршат никакви правила.

Манчестер Јунајтед е втор во Премиер лигата со 50 бода од 26 кола. Четата на Солскјер заостанува 12 бода зад водечкиот Манчестер сити.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com