10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Солскјер: Знам дека треба да напредуваме, верувам во овој тим

Најчитани вести

Манчестер Јунајтед иако важеше за фаворит уште еднаш не успеа да победи во својот дом на првенствен натпревар, односно по Астон Вила непоразен на „Олд Трафорд“ остана и Евертон.

Ова дефинитивно беше ново разочарување за навивачите, клубот кој доста вложи во летниот преоден рок се со цел да се нападне титулата во Премиер лигата. Секако ваквите резултати дополнително го зголемуваат притискот врз тренерот Оле Гунар Солскјер, но Норвежанецот е убеден дека оваа група ќе напредува и како што ќе одминува времето ќе биде многу подобра и на повисоко ниво.

-Сигурен сум дека ќе го извлечеме најдоброто од овој тим. Многу работи се случија во последниот месец. Варан и Санчо се со нас од август, Кристијано дојде во септември. Имаме на што да работиме, мора да напредуваме и тоа го знам. Но, јас верувам во оваа група играчи и стручниот штаб, -порача Солскјер.

„Црвените ѓаволи“ по седум одиграни кола го заземаат четвртото место на табелата со 14 бода.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com