25.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

Солидарен фонд: Намалувањето на посмртнината е привремено

Најчитани вести

Намалувањето на средствата што од Солидарниот фонд се исплаќаа за посмртнина од 30 на 25 илјади е привремено, а петте илјади дополнително ќе се исплатат од јулската пензија, по редослед на поднесените барања и во зависност од расположивите средства. Намалувањето и успорувањето на динаминката на исплата, велат од Одборот на Регистрирана организација за солидарен фонд и членарина, се резултат на поголемиот број починати лица.

-Обемот на средствата во Солидарниот фонд зависи од акумилраните средства и бројот на починати корисници на пензија. Имено, до пандемијата умираа околу 1200 корисници на пензија просечно месечно, а сега за време на пандемијата над 1800 корисници на пензија. Со тоа се зголеми бројот на примателите на посмртна помош и времето на чекање на исплата на отпремнината. Со цел да се помогне на примателите и да се намали бројот на времето на чекање, Одборот донесе времена одлука да им помогне на семејствата и да им се исплати најголем дел од отпремината од 25.000 денари, а 5.000 денари, дополнително ќе започнат да се исплатуваат со исплатата на јулската пензија, по редослед на поднесените барања и во зависност од расположивите средства, се вели во денешното соопштение од Одборот.

Според тоа, велат од Одборот, не е вистина дека е намалена посмртната помош од 30.000 денари на 25.000 денари трајно, што непотребно создаде немир и забуна меѓу пензионерите.

Појаснуваат дека средствата за Солидарен фонд се обезбедуваат од корисниците на пензија од врз основа на нивна согласност. Тие средства се уплатуваат на посебна под сметка во рамките на трезорската сметка и наменски се користат само за исплата на посмртната помош.

Во соопштението се додава дека за сите прашања од Солидарниот фонд, одлучува Одборот на Регистрираната организација составен од пензионери од четирите сојузи во нашата држава.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com