15.3 C
Skopje
Wednesday, May 12, 2021

Соланж Ноулс стави крај на 5-годишниот брак

Најчитани вести

По вкупно 11 години врска, од кои пет во брак, Соланж Ноулс одлучи дека е време да стави крај на приказната и секој да тргне по својот пат.

Соланж, која е пејачка и сестра на ултрапопуларната Бијонсе, се разведува од Алан Фергусон. Како причини за разделбата ги наведува наметнатиот притисоки затегнатите односи, по што решиле дека разводот е најдобрата одлука.

Тие се венчаа во 2014 година, но нивните проблеми никогаш не излегоа во јавноста, па се чинеше дека имаат складен брак.

„Пред 11 години запознав феноменален маж кој го промени секој дел од мојот живот. Оваа година решивме дека е подобро секој да продолжи по својот пат“, напишала Соланж на Инстаграм, не наведувајќи повеќе детали.

Во меѓувреме се појавија шпекулации дека таа наводно има врска со својот менаџер, но пејачката ги демантираше таквите гласини.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести