Home » Совршената моминска забава на Зои Блаж во вила со базен со декорации во земјени тонови

Совршената моминска забава на Зои Блаж во вила со базен со декорации во земјени тонови

by Журнал.мк

Зои Блаж од Скопје, сопственичка на салон за убавина, повеќе од 5 години е во врска со словенечкиот ракометар Тадеј, кој потекнува од стариот рибарски град Изола. Парот наскоро ќе го каже судбоносното „да“, а денес (26.06) Зои ужива во својата моминска забава.

Пријателките за неа изнајмиле вила со базен и совршено ја декорирале и според фотографиите што Зои ги прикачува на својот Инстаграм профил, тие одлично си поминуваат.

Во една пригода Зои за нејзината љубовна приказна со Тадеј откри за CRNOBELO.com:

„Се запознавме многу спонтано на социјална мрежа. Јас го видов и му пишав прва, а потоа тој ме покани да излеземе и од прв ден двајцата чувствувавме дека тоа е тоа вистинското.

Тајната на нашата успешна врска е довербата, љубовта, разбирањето, слогата и најважно мирот. Едноставно дишеме еден за друг. Многу е чудно, но чувствуваме кога на некој од нас му се има случено нешто, дури и кога сме разделени илјадници километри.

Тадеј моментално игра во еден ракометарски клуб во Германија и таму живее, а јас постојано сум на релација Скопје – Германија.

Едвај чекаме да ја крунисаме нашата љубов со брак.“

Oчигледно сонот на Зои сега се реализира…

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More