Home » Совет на амбасадори- ЕУ итно да го деблокира процесот за С. Македонија и Албанија

Совет на амбасадори- ЕУ итно да го деблокира процесот за С. Македонија и Албанија

by Журнал.мк

Совет на Амбасадори, како што соопшти, жали што руската агресија врз Украина добива такви размери во коишто, покрај одбранбени објекти и војници, најмногу страда цивилно население (повозрасни лица, жени и деца) и инфраструктурата на населените места неопходна за задоволување на минималните потреби за живот како што се резервите на животни намирници, водовод, канализации, греење и хумани транспортни коридори.

Советот, според соопштението, смета дека Русија веднаш треба да престане со воената агресија, и двете страни да седнат на преговарачка маса и да најдат начин за мирно решение на конфликтот.

Советот, како што се наведува, цени дека Европската Унија треба позитивно да одговори на барањето на Украина за членство во Унијата и на земјата да и го олесни патот кон евроинтеграциите давајќи и статус на земја-кандидат во најбрз можен рок. За реализација на предлогот ЕУ треба да делува единствено и да ја отстрани можноста една членка да блокира донесување на таква одлука.

„Со зајакната кохезијата меѓу земјите членки на ЕУ, притоа имајќи ги предвид политичката, економската и особено безбедносната состојба во Европа и Светот, Европската Унија треба итно да го деблокира процесот на интеграција на Северна Македонија и Албанија и да ги отпочне преговорите за нивно членство со што ќе се затвори просторот за било какви други варијанти за иднината на регионот Југоисточна Европа“, се псоочува во соопштението на Советот на амбасадори.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk