17.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Советот на Европа ја откажа набљудувачката мисија на изборите во Албанија

Најчитани вести

Станува збор за набљудувачка мисија која требаше да го следи изборниот процес на 30 јуни во кој албанската опозиција не учествува, а албанскиот претседател Илир Мета пред две недели донесе одлука за одложување на изборите поради длабоката политичка криза во земјата.

„Одлуката за откажување на мисијата ја усвои Конгресот на регионални и локални власти на Советот на Европа, во согласност со правилата, поради постојаната несигурност околу организирањето на локалните избори во Албанија на 30 јуни и поради можните безбедносни ризици во одредени области“, се наведува во соопштението.

Советот на Европа ја усвои одлуката во момент на исклучителна поларизација на политичката криза во Албанија, во услови кога опозицијата е надвор од парламентот, а албанската влада е категорична дека ќе ги спроведе изборите, иако во 35 од 61 општина во земјата во трката за градоначалници учествуваат само кандидати на владејачката коалиција предводена од Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама.

Албанија е членка на Советот на Европа од 13 јули 1995 година и со членството ги прифатила сите обврски кои треба да ги почитуваат сите земји членки на паневропската организација.

Албанската опозиција ги напушти државните институции и неколку месеци протестира на улиците на градовите, со барање за оставка на премиерот Еди Рама, формирање преодна влада и распишување општи избори

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com