9.8 C
Skopje
Thursday, September 23, 2021

Советот на амбасадори ги повика членките на ЕУ да се залагаат за Северна Македонија и Албанија да добијат датум

Најчитани вести

Здружението за надворешна и меѓународна политика Совет на амбасадори ги поздравува залагањата на европските лидери, на американскиот државен секретар Мајк Помпео како и на политичарите од повеќе европски политички провиниенции и интелектуалци на наредниот самит на Европскиот Совет, кој ќе се одржи во март идната година, Унијата повторно да го разгледува прашањето за проширување и на Република Северна Македонија и Република Албанија им се одреди датум за започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.

„Здружението посебно ја поздравува спремноста на претседателот Емануел Макрон изразена во неговото интервју во  ‘Економист’ дека тој е подготвен да дури и на наредниот Самит им даде зелено светло за датум за преговори на Република Северна Македонија и Република Албанија ако Унијата успее да ги направи потребните реформи и напоредно со тоа ако овие две земји-кандидатки, покажат напредок во исполнување на бараните реформи“, се наведува во сооштението на Советот на амбасадори.

Од таму велат дека сметаат дека на ЕУ ѝ се потребни длабоки реформи со цел нејзино поуспешно функционирање и поголем економски просперитет. „Советот е длабоко убеден дека Република Северна Македонија, како и многу пати досега ќе ги исполни потребните и барани реформи на домашен план“, се наведува во соопштението.

Советот на амбасадори ги повикува земјите членки на ЕУ, посебно тие кои поради една или друга причина имале одредена резерва околу проширувањето за некоја земја кандидат, максимално да се залагаат Северна Македонија и Албанија да добијат датум за започнување на преговорите, што, како што велат, несомнено ќе придонесе за стабилизација на севкупните односи не само во европскиот регион Западен Балкан, туку и пошироко.

Советот беше формиран во април годинава и претставува независно, непартиско, непрофитабилно здружение на амбасадори и поранешни шефови на дипломатии.  Претседател е Љупчо Арсовски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com