27.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Советот за регионална соработка ќе го претстави Балканскиот барометар

Најчитани вести

Советот за регионална соработка денеска во Тирана ќе го претстави Балканскиот барометар.

Тоа е седмо издание на годишното истражување на јавното и економско мислење што се занимава со ставовите и очекувањата на граѓаните и бизнисмените од Западен Балкан на различни теми, како што се интеграција во ЕУ и регионална соработка, дигитализација, зелено закрепнување и втора година по ред, опфаќа и теми поврзани со предизвикувачката околина во регионот предизвикана од Ковид-19.

Граѓаните на Западен Балкан ја поддржуваат регионалната соработка и 77 проценти се согласуваат дека тоа може да придонесе за подобра политичка, економска и безбедносна состојба во нивната економија, додека 62 проценти сметаат дека членството во ЕУ е добра работа за нивната економија.

Четириесет и девет проценти се уште сметаат дека невработеноста е најголемиот проблем со кој се соочува нивната економија, наспроти 45 проценти минатата година. Младите исто така се согласуваат и 63 проценти од нив сметаат дека несоодветните можности за вработување се најголемиот проблем.

Кога станува збор за бизнисите, 72 проценти сметаат дека Европската унија е најпосакуваниот блок за трговија, а 48 проценти велат дека новиот договор за намалување на цените на роаминг им заштедил пари.

Презентацијата на резултатите од истражувањето ќе биде во живо на каналите на RCC на YouTube и Facebook со почеток во 10:00 часот.

Воведни говори ќе одржат генералниот секретар на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу и заменик-раководителот на Одделот за регионална соработка и програми за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија Алесандра Визер.

По воведните говори, ќе следи панел дискусија за главните приоритети за успешен Западен Балкан.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести