-2.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

Советот за жалби при Врховниот суд ја одби како неоснована жалбата на Лидија Неделкова

Најчитани вести

Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд ја одби како неоснована жалбата на Лидија Неделкова и го потврди решението од 1 март годинава за нејзино разрешување од вршење на судиска функција.

СОВЕТОТ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ЖАЛБИ ПРИ ВРХОВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НА ДЕНЕШНАТА СЕДНИЦА РАСПРАВАШЕ ПО ПОВОД ЖАЛБАТА НА ЛИДИЈА НЕДЕЛКОВА, СУДИЈА НА ВРХОВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ИЗЈАВЕНА ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА БР.10-10/20 ОД 01.03.2021 ГОДИНА, ЗА НЕЈЗИНО РАЗРЕШУВАЊЕ ОД ВРШЕЊЕ НА СУДИСКА ФУНКЦИЈА. НА ИСТАТА СЕДНИЦА, СОВЕТОТ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ЖАЛБИ ДОНЕСЕ ОДЛУКА СО КОЈА ШТО ЖАЛБАТА НА ЖАЛИТЕЛОТ ЈА ОДБИ КАКО НЕОСНОВАНА И ГО ПОТВРДИ РЕШЕНИЕТО НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА БР.10-10/20 ОД 01.03.2021 ГОДИНА, СЕ ВЕЛИ ВО СООПШТЕНИЕТО ОБЈАВЕНО НА ВЕБ СТРАНАТА НА ВРХОВНИОТ СУД.

Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, по завршувањето на седницата на која едногласно беше донесена одлуката, одговарајќи на новинарско прашање зошто е разрешена судијката Лидија Неделкова, рече дека причините се „ненавремено, немарно и несовесно извршување на нејзините работни обврски и повреда на Судскиот деловник, односно Кодексот за судиска етика“.

Барањето за разрешување на врховната судијка Лидија Неделкова беше поднесено од поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски за поведување постапка за утврдување одговорност на Неделкова како судија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести