17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Советот за безбедност на ООН го осуди воениот удар во Мјанмар

Најчитани вести

Советот за безбедност на ООН едногласно повика на пресврт за воениот удар во Мјанмар, остро осудувајќи го насилството врз мирните демонстранти и повикувајќи на „крајна воздржаност“ на армијата.

Изјавата, која беше одобрена од сите 15 членови на советот, вклучувајќи го и соседот на Мјанмар и нејзин сојузник Кина, беше официјално усвоена на многу краток виртуелен состанок, изјави американската амбасадорка Линда Томас-Гринфилд, сегашен претседател на советот.

Изјавата преставува чекор под резолуцијата, но станува дел од официјалните записи на најмоќното тело на Обединетите нации.

Велика Британија повика на итно ослободување на владините лидери, вклучително и државниот советник и претседателот Вин Мјинт, кои се во притвор по воениот удар на 1 февруари.

Кинескиот амбасадор во Обединетите нации Џанг Чун во изјавата рече дека „важно е членовите на советот да зборуваат едногласно“ и изјави дека сега е време за деескалација, дипломатија и дијалог.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести