Home » Советот во Кривичниот суд денеска или утре ќе одлучува по жалбата на Зеќири за притворот

Советот во Кривичниот суд денеска или утре ќе одлучува по жалбата на Зеќири за притворот

by Журнал.мк

Кривичниот совет денеска или најдоцна утре ќе одлучува по жалбата која адвокатот на Мухамед Зеќири ја поднесе за 30-дневниот притвор..

Адвокатот на Генералниот секретар во оставка вчера поднесе жалба на одлуката. Тој за Канал 5 потврди дека со поднесената жалба ги оспорил сите основи за определениот притвор на Зеќири како опасност од бегство, повторување на делото и влијание врз сведоците.

Зеќири е од петокот во истражниот затвор во Шутка, откако Кривичниот суд го прифати барањето на Обвинителството од каде соопштија дека против него е отворена истрага по сомнежи дека ја злоупотребил службената положба, склучувајќи договор без јавна набавка.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More