И по една година пред прилепскиот Совет не поминува извештајот на полицијата за безбедносната состојба во градот за првото полугодие лани, ниту пак извештајот за минатата година. Советот смета дека отсуствува сериозноста за чувствително прашање кога градот се соочи со зголемено полициско присуство и со привремена управа во полицијата.
За Советот е несфатливо што нема одговори на прашањата кои ги поставиле советниците до командирот на полициската станица.
Од СВР Битола не ги коментираат одлуките и само констатираат-лани за 4 насто се зголемила ефикасноста во расчистување на кривичните дела со поднесени 380 кривични пријави против 467 сторители, а за 26 лица е одреден притвор. Прекршоците во јавниот ред и мир биле намалени за 9 насто, а за 3,5 проценти во сообраќајните незгоди.