36.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Советникот на ДУИ ги брани дивоградбите во Охрид: Да излеземе на протест!

Најчитани вести

Советникот на ДУИ, Нефи Усеини се огласи на својот профил на „Фејсбук“ и повика на протести против акцијата на Општина Охрид за уривање на дивоградбите.

Откако охридските градски власти донесоа одлука за ставање на крај на безаконието и рушење на сите дивоградби во заштитеното подрачје и околината на градот, најгласно својот револт го искажа Нефи Усеини.

Советникот во чија што сопственост е градежна компанија која изгради голем дел од дивоградбите, како и познатата пицеријата „Луна“ спроти охридскиот Чинар која што исто така е дивоградба, верувале или не, ги повика граѓаните да излезат на протест во одбрана на дивоградбите.

Според Усеини, тој чувствувал „притисок од институциите“ кои што сакале да му „наштетат“, па ги повика граѓаните утре во 10:00 часот пред Општина Охрид да излезат на протест и да ги бранат дивоградбите.

Акцијата за „чистење“ на градот од објектите изградени без градежна дозвола започна пред неколку дена со рушење на првата дивоградба – станува збор за куќа на улицата „Марко Нестороски“ која што неофицијално ја гради градежната компанија „Нефи ИК“ во сопственост токму на Усеини.

Инаку, во Охрид се регистрирани над 1000 дивоградби од кои дури 409 се во заштитеното подрачје. Поради ова, до општина Охрид беа испратени сериозни забелешки од УНЕСКО и постои реална закана градот, поради дивоградбите да го загуби својот статус во угледната организација.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести