Home » Совети од германски стоматолози: Ова е најлошото место за држење четка за заби

Совети од германски стоматолози: Ова е најлошото место за држење четка за заби

by Журнал.мк

Нашата четка за заби собира не само мали парчиња храна, туку и бактерии. Стоматологот открил дека добрата хигиена е навистина клучна за да се спречи ширењето на бактериите.

По четкањето забите се чисти, но што е со четката за заби која има бактерии и ситни парчиња храна оставени во неа по миењето?

Стоматолозите од Келн даваат совети како да ја одржувате вашата четка за заби чиста.

-Држење на четката на погрешно место

Особено кога патувате, има смисла по употребата едноставно да ја чувате вашата четка за заби во нејзиното наменето кутивче. Ако дома ја оставате вашата четка за заби во ормарчето во бањата, не го правете тоа повторно.

Според стоматолозите, двете места не се погодни за чување четки за заби. Затоа што и шкафот и кутијата се затворени, а во нив нема воздух. Ако четката е влажна кога се чува во кутија или плакар, бактериите се размножуваат побрзо.

-Измијте ја четката во машина за миење садови

И уште една работа што не смеете да ја правите: измијте ја четката за заби во машина за миење садови за да остане блескаво чиста. Стоматологот рече дека откако ќе ја измиете во машина за садови, четката повеќе не може да си ја врши работата.

Најдобро е да го направите ова:

-Оставете ја четката добро да се исуши

Според мислењето на стоматолозите, најдобро е темелно да се измијат остатоците од храна или паста за заби со топла вода. После тоа, четката за заби треба да биде целосно сува, бидејќи бактериите потоа тешко се размножуваат. Најдобро е четката за заби да ја ставите наопаку во чашата.

-Чувајте ја четката во чиста чашка

Чашата за четка за заби мора редовно да се чисти. Добрата вест: за разлика од четката за заби, чашата може да се мие во машина за садови. Според Öko-test, најдобар избор за ова е стаклена чаша, бидејќи го олеснува гледањето на нечистотијата. Покрај тоа, помала е веројатноста бактериите да се залепат на мазна површина отколку на пластика.

-Редовно менувајте ја четката за заби

Без разлика колку внимателно ја чистите четката за заби, важно е редовно да ја менувате. Стоматолог советува да купувате четка за заби на секои три месеци, пренесува списанието Fenix.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More