15 C
Skopje
Saturday, May 15, 2021

Совети како да престанете да се прејадувате

Најчитани вести

Оние кои уживаат во храната, тешко им е да внимаваат, особено кога е во прашање омилената храна. Еве неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да го контролирате апетитот.

„Испразнете“ ја кујната

Сите имаме храна на која тешко може да ѝ одолееме: чоколада, чипс, сладолед, сланина. Како да си помогнеме? Најлесно е да не се доведуваме во искушување. Не купувајте производи кои се полни со калории и масти. Ако ви се јаде сладолед, купете еден, а не семејно пакување.

Не дозволувајте да се изгладувате

Јадете редовно. Кога подолг период сме гладни, се прејадуваме затоа што губиме самоконтрола.

Запрашајте се зошто јадете

Кога се чувствувате гладни, обидете се да процените колку навистина сте гладни. И дали воопшто сте гладни, особено ако неодамна сте јаделе. Понекогаш, не е лошо да се напиете чаша вода кога ќе добиете ненадеен и неочекуван глад, затоа што организмот ги меша гладот и жедта. 

Кога јадете, јадете пополека

Не јадете со омилената серија или филм и не скролајте по телефонот или таблетот додека сте на маса. Ако не сте фокусирани на храната, со поголема веројатност ќе продолжите да јадете кога веќе сте најадени.

Користете помали чинии

Научните студии покажаа дека луѓето јадат помалку храна ако нивните чинии се помали. Ако јадете од големи чинии, нема да престанете додека не ја испразните, па затоа секогаш сервирајте порции во помала количина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести