17.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Собранието ќе ја продолжи 43-тата седница

Најчитани вести

Пратениците вчера поминаа дваесетина точки од дневниот ред на 43-тата седница.

Собранието денеска треба да ја продолжи 43-тата седница, на чиј дневен ред остана повеќе точки, меѓу кои и предлог измените на Законот за основното образование и предлог законските решенија за утврдување на максималните цени за болничко лекување и за тестирање на пациенти со Ковид-19 во приватните здравствени установи и за управување со дополнителни текови на отпад, сите во прво читање.

На дневен ред се и годишните извештаи за 2020 година за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки, на Агенцијата за електронски комуникации, на Државната комисија за спречување на корупцијата и на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Пратениците вчера поминаа дваесетина точки од дневниот ред на 43-тата седница, меѓу кои пакетот закони за заштита на животната средина и управување со отпад, а изгласаа само две точки, од кои одлуката да се продолжи за шест месеци рокот за постоење кризна состојба на територијата на државата заради заштита на здравјето на населението и безбедност од ширење на пандемија од КОВИД-19

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com