Home » Собранието ќе ја одржи 74-тата седница

Собранието ќе ја одржи 74-тата седница

by Журнал.мк

Собранието денеска треба да ја одржи 74-тата седница на чиј дневен ред има 20 точки меѓу кои и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот за 2022 година, по скратена постапка.

Во рамки на седницата пратениците треба да ги разгледаат и предлог законите за дополнување на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, за изменување на Законот за заштита на децата, и за дополнување на Законот за стоковните резерви, сите по скратена постапка

На дневниот ред се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност, на Законот за Бирото за развој на образованието и на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата, трите по скратена постапка.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk