1.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

Собранието ќе расправа за резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за „црвените линии“ со Бугарија

Најчитани вести

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата и националните црвени линии е на дневниот ред на 47. седница на Собранието, која треба да се одржи денеска. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа побара резолуцијата да биде прифатена од сите политички партии „без условувања и барање на изговори“. Мицкоски вели дека прифаќањето на резолуцијата од сите политички партии ќе значи единство кое ни е потребно за почеток на преговорите со Европската Унија, но, пред се ќе се зацврстат државните позиции на Македонија.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера изјави дека ДУИ ќе ја поддржи резолуцијата за црвените линии во преговорите со Бугарија, доколку се користи уставното име на државата. Според него, резолуција во која нема уставно име, нема правна форма. Премиерот Зоран Заев, пак, ден претходно, изјави дека нема да гласаат за резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ за разговорите со Бугарија, доколку остане со името како што е сега поднесена. Притоа, информираше дека разговарале со опозициската ВМРО-ДПМНЕ за да се изнајде решение, при што било заклучено дека процесот треба да продолжи, но, притоа мора на дневен ред да продолжи дискусијата согласно Уставот и Законот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести