Home » Собранието ја чека интерпелацијата за Џафери од ВМРО ДПМНЕ

Собранието ја чека интерпелацијата за Џафери од ВМРО ДПМНЕ

by Журнал.мк

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесува интерпелација за претседателот на Собранитео, Талат Џафери за кршење на кодексот за етичко однесување на пратениците, како и за прекршување на Уставот и Деловникот за работа.

На тапет на Џафери му се ставаат пцостите со кои, според аудио снимката, тој вршеше притисок врз службита во Собранието, и како што смета ВМРО-ДПМНЕ, го омаловажуваше нивното достоинство. За тоа, не им се извини на службите и рече пиеле кафе низ градот кога требало да бидат на работа.

Ситуацијата кулминираше минатата недела кога пратеници на ВМРО ДПМНЕ се пожалија дека спикерот ги држи заклучени во пленарната сала за да не може други колеги да влезат и да се јават за збор. Од партијата додаваат дека не очекуваат интерпелацијата да биде изгласана, но велат – добро е граѓаните да го видат лицето на ДУИ и СДСМ, како сложно го бранат дивеење врз Уставот, Деловникот и законите, од страна на спикерот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More