Home » Собранието треба да ја одржи 73. седница

Собранието треба да ја одржи 73. седница

by Журнал.мк

Собранието денеска ќе ја одржи 73. седница на чиј дневен ред се Предлог-одлука за изменување на Одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина и Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите Нации „УНИФИЛ“, во Република Либан.

Пратениците треба да расправаат и по Предлог на закон за ратификација на изменувањето и дополнувањето на Анекс 4 на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА 2006), Предлог на закон за ратификација на Конвенцијата за договорите за избор на надлежен суд, Предлог на закон за изменување на Законот за акцизите, по итна постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за платите на судиите, по скратена постапка, како и Предлог на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија, по скратена постапка.

Пратениците треба да ги разгледаат и Предлог на закон за изменување на Законот за сигурност во железничкиот систем, по скратена постапка, Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на Регионалниот проект за цврст отпад, по скратена постапка, Предлог на закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на ТЕН-Т проектот за автопат од Скопје до границата со Косово, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за угостителската дејност, по скратена постапка.

На дневен ред на седницата се и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, по скратена постапка, Предлог на Закон за уставни судии, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, Предлог на закон за изменување на Законот за средното образование, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More