10.2 C
Skopje
Monday, November 29, 2021

Собранието останува блокирано – има ли алатка за излез од ќорсокакот?

Најчитани вести

Собранието останува парализирано, никој од пратениците не попушта за да почне да функционира. Од Алијанса и Алтернатива не отстапуваат од Законот за државјанство како услов да ги повлечат многубројните амандмани. И тие и опозициската ВМРО-ДПМНЕ излез гледаат во предвремени избори, но владејачката СДСМ, смета дека тоа не е решение и ќе ги чека да оздрават пратениците болни од Ковид.

Еден од пратениците со најдолг стаж во Собранието Павле Трајанов од Демократски сојуз главниот проблем за блокадите го лоцира во партиските лидерства и тоа што пратениците ги ставаат себичните партиски интереси пред оние на граѓаните. Измени на деловникот со кои би се ограничиле амандманските расправи вели не се опција, бидејќи и тие би биле блокирани.. Според него има две решенија – или нови избори или широка коалиција.

Функционалната криза на Собранието доаѓа по вчерашната одлука на собранискиот спикер Џафери да нема нови седници се додека нема мнозинство.. Според најавите, првите пратеници што ќе оздрават се очекува да се вратат во Собранието во четврток, но дали тоа ќе биде доволно за кворум останува нејасно.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com