6 C
Skopje
Sunday, May 9, 2021

Собранието и официјално започнува со редовни активности по новогодишните и божикните празници

Најчитани вести

Собранието денеска и официјално ќе ја започне работата во новата 2021 година, иако минатата недела веќе се одржа една седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе одржи координативна седница со потпретседателите и првите луѓе на пратеничките групи на која треба да се утврдат активностите во текот на оваа недела.

Џафери на последната средба со новинарите на крајот на декември лани, рече дека во текот на оваа недела од јануари ќе се одржат заседанија на неколку заостанаи пленарни седници, како и седници на комисии како подготовка на собраниската седница закажана за понеделник 18 јануари.

Официјално на веб – страната на Собранието засега се закажани заседание на Комисијата за надзор над спроведување на мерки за следење на комуникации за утре во 13:00 часот, како и 30-тата собраниска седница за в понеделник.

По денешната координативна седница би можело да се знае кога на дневен ред ќе бидат повеќе закони и одлуки од посебен интерес на јавноста, како Законот за попис и изборот на нови членови на Комисијата за антидискириминација и на Државната изборна комисија и други.

Според информации од Собранието, во текот на денешниот ден се очекува да се одржи седница на Комисијата за прашања на избори и именувања на која би се утврдила листата на пријавени кандидати за членови на Државната изборна комисија, која потоа според законот се доставува до партиите коишто треба да се изјаснат кои кандидати ги поддржуваат за членови на ДИК.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести