4 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Собранието денеска ќе расправа за заемот за автопатот Кичево-Охрид

Најчитани вести

Собранието денеска на 116 седница, меѓу другите точки, треба да расправа и за Предлог законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање за Проектот за изградба на Автопат-делница Кичево -Охрид кој ќе се склучи меѓу Експорт-импорт банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка.

Пратениците ќе расправаат и по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот градење, по скратена постапка, Предлог законот за изменување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, по скратена постапка, како и Предлог законот за изменување на Законот за спортот, по скратена постапка.

На дневен ред на оваа седница се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, по скратена постапка, Предлог законот за изменување на Законот за вработените во јавниот сектор,по скратена постапка, како и Предлог законот за изменување на Законот за електронско управување и електронски услуги, по скратена постапка.

Во рамките на оваа седница се и Предлог на закон за правата на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во Република Северна Македонија, во прво читање, како и Предлог на закон за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, исто така во прво читање.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести