19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Собранието денеска би требало да расправа за пописот

Најчитани вести

Денеска би можело да се одржи седница на Собранието на чиј дневен ред ќе се најдат измените на Законот за попис, со кој тој треба да се одложи за септември, како што претходно се договорија лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

-Сите претставници на пратеничките групи и претставниците на партиите застапени во Собранието биле подготвени да се одржи седница на која ќе се најдат измените на Законот за попис, освен Алијансата за Албанците и Алтернатива, се наведува во соопштението на претседателот на Собранието Талат Џафери издадено по вчерашната координација. Според законот кој се уште е во сила пописот на населението треба да почне денеска и да трае до 21 април.

Министерот за правда Бојан Маричиќ вели дека ако попишувачите излезат на терен и соберат некакви податоци, тие ќе бидат земени предвид. Заев и Мицкоски на лидерска средба во понеделникот се договорија пописот да се одржи од петти до 30 септември. На вчерашната координација против одржувањето на седницата беше координаторот на пратеничката група Алијанса за Албанците Алтернатива зашто сметал дека одложувањето на пописот за септември не е поради актуелната здравствена состојба, туку дека станува збор за политичка одлука.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести