15 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Собранието го изгласа законот за попис

Најчитани вести

По 19 години во април ќе се одржи попис на населението во земјава. Собрането денеска со 62 гласа „за“, без „против“ и „воздржани“, го усвои законот за попис на населението и домаќинствата, кој треба да се одржи пролетва.

Владејачката коалиција предводена од СДСМ доби поддршка за Законот од Алијансата за Албанците и Алтернатива, а против законот беше ВМРО-ДПМНЕ. Партијата најави дека ќе бара негово поништување и започна со собирање потписи од граѓаните за поништување на законот.

Пописот ќе се спроведе од 1 до 21 април годинава. Во оваа сложена статистичка операција ќе се попишуваат резиденти, нерезиденти и вкупно население. За разлика од претходните, овој попис ќе има неколку новини. Главната новина е што ќе се спроведува со т.н комбиниран метод. Овој метод подразбира истовремено попишување на терен со оној класичен метод, интервју лице во лице, но и користење податоци од регистри, односно бази на податоци.Пописот ќе се спроведува со електронски прашалници, со користење на ИТ- технологија, и според стандардите на Еуростат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести