Со 48 гласа „за“, 36 „против“, и еден воздржан, Собранието вечерва ги донесе измените на Кривичниот законик. Со Измените на кривичнот законк по скратена постапка, се намалуваат затворските казни за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања. Денеска помина и во двете собраниски комисии, без амандмани од опозицијата.
На гласањето му претходеше расправа во која опозициските пратеници изнесоа остри критики, обвинувајќи дека власта ги носи овие законски измени за да ги амнестира оние што го прекршиле законот. Како што истакнаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, и во овој случај се злоупотребува европското знаменце.Прв за збор се јави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, оценувајќи дека овој закон е олицетворение на хипокризијата на власта. Стојановски забележа дека на Парламентот му е приоритет да зборува за Кривичниот законик, наместо за она што се случува на Онкологија.
За Гордана Силјановска Давкова е нејсно како може Кривичен законик да се смени за неколку часа.
– Денеска бев сведок на јавно убиство на правото и правдата во Комисијата за антиевропски прашања, истакна Силјановска Давкова. Ова е јавно убиство на правото и правдата во комисијата за антиевропски закони. Ние сме држава со најспора правда има најбрза постапка за менување на закони. Се работи за проектирана амнестија. Ова е непознат европски феномен. Се срамам што предавам право, не сум сонувала дека за 3 саата може да се донесе закон. Побрзи од ветер сте во заштита на криминалот и корупцијата – рече Давкова.
На ова реплицираше независниот пратеник Панчо Минов, кој појасни за членот 32, кој се однесува за злоупотреба на службени овластувања.
– Тој нема конкретно предмет на доказност и често се користи за пресметка со неистомисленици. Измената носи поголема тежина на квалификацијата бидејќи се утврдува намерата за злоупотреба – рече Минов.
Според заменик министерката за правда Викторија Аврамовска – Мадиќ која го образложуваше законот, од вкупно 38 члена во законските измени и дополнувања, 35 се поврзани со директивите на ЕУ.
– За да нема забуни и дилеми зошто Законот е со европско занаменце, нагласувам дека предвидува 38 члена од кои 35 се поврзани со директивите на ЕУ. Вчера кога го давав Предлогот зошто треба да биде со европско знаменце и по скратена постапка, напоменав дека целта е усогласување со европското законодавство – истакна Аврамовска – Мадиќ.